Елмас: Сакам да го освојам Скудетото и да се пензионирам во Турција


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се подготвува за вториот дел од сезоната во која со Наполи ќе се бори за Скудетото.

Наполи во моментов е лидер со 41 бод, односно осум повеќе од актуелниот шампион Милан, а Елмас за турските медиуми кажа какви му се плановите.

„Сакаме да продолжиме напред и да не застануваме. Имаме големи цели. Сакам да го освојам Скудетото. Исто така, морам да признаам дека навивачите на Фенербахче се одлични. Ја сакам Турција и планирам да се пензионирам тука“, кажа Елмас.