Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е пресреќен со победата на Хрватска против Бразил во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.
Шимиќ за медиумите кажа дека ова е најголема победа на Хрватска во историјата, но тука нема да запрат и следна „жртва“ треба да биде Аргентина.
„Мислам дека Аргентинците се исплашени, а ние не сме. Аргентина е послаба од Бразил, ќе играат тврдо и со валкани прекршоци, на раб на инцидент. Такви се тие, поразлични од Бразил. Ги гледав двапати и не ми оставија впечаток дека се непобедливи. Ако бидеме искрени, Меси не е во најдобра форма и не е на високо ниво како претходно. Имаме шанса за финале“, кажа Шимиќ.