Белингам, Гакпо, Гвардиол: Реал Мадрид додаде пет ѕвезди на листата со желби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона ги брани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), но ќе има пеколна задача да го направи тоа бидејќи конкуренцијата е жестока од страна на Барселона во шпанското првенство, но и од остантите гиганти во Европа.

„Кралевите“ размислуваат за потенцијални засилувања за следното лето, а на нивната листа се наоѓаат голем број имиња, додека истата е дополнета со пет фудбалери од Мундијалот во Катар.

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека Џуд Белингам е главна мета на раководството на „кралевите“, но европскиот првак е заинтересиран и за Енцо Фернандез од Аргентина како алтернативно решение.

Исто така, шпанската екипа е заинтересирана за услугите на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, кој е блиску до Челси, но ќе се обиде да му ги расипе плановите.

На листата на Флорентино Перез се наоѓаат и двајца напаѓачи, а тоа се Коди Гакпо од Холандија и Гончало Рамош од Португалија.