Три ѕвезди од СП во Катар доаѓаат на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светското првенство (СП) секогаш е шанса за дел од фудбалерите да ги покажат своите квалитети и така да си обезбедат трансфер во некој гигант, а тројца од нив си „резервирале“ преселба во Манчестер јунајтед.

Ерик Тен Хаг добил ветување од раководството на екипата дека ќе добие голема сума на пари за засилувања, па газдите се подготвени да му донесат три ѕвезди.

Португалската ѕвезда Гонсало Рамош има откупна клаузула од 110 милиони евра и се наоѓа на првото место на листата, по што следи Коди Гакпо со вредност од 60 милиони евра.

Исто така, „црвените ѓаволи“ ќе тргнат и по потписот на Кристијан Пулишиќ од Челси кој нема многу минутажа кај новиот тренер Греем Потер.