Панчев се збогува со Михајловиќ: Немам сила да зборувам…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев ја делеше соблекувалната во Црвена Звезда со легендарниот српски тренер и играч, Синиша Михајловиќ кој почина по долго боледување.

Михајловиќ не успеа да ја победи леукемијата по третпат и го загуби животот, а со него денеска се збогуваат голем број фудбалски легенди.

„Немој да ми се налутите, никогаш не бегав од разговор. Не знам, не можам да зборувам. Ме погоди оваа вест. Немам сила да зборувам, ова е катастрофа“, кажа Панчев.

На Михајловиќ му беше откриена болеста во 2019 година.