Распад систем во Арсенал: Една од најголемите ѕвезди ќе избега во Манчестер сити!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал на почетокот на декември се поврзуваше со голем број засилувања бидејќи премиерлигашот мора да го задржи првото место на табелата и конечно да ја освои титулата по долга пауза.

Шпанскиот тренер Микел Артета сака фудбалери како Душан Влаховиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, додека од друга страна има главоболки со незадоволни членови на првиот тим.

Еден од нив е Букајо Сака кој не може да се договори со Арсенал за нова соработка, па тоа предизвика шпекулации на Островот дека Манчестер сити ќе сака да го украде англискиот репрезентативец.

Англискиот крилен напаѓач е еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата и нема дилема дека таков трансфер би бил сериозен удар за сите на „Емирати“.

Сака оваа сезона на 14 настапи за „топчиите“ постигна четири гола и шест асистенции, а според „Трансфермаркт“ чини 90 милиони евра.