Каде ќе беше Донарума ако Михајловиќ не веруваше во него? (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот свет остана без српската легенда Синиша Михајловиќ кој ја загуби битката против тешката болест, а од него се збогува и италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума

Михајловиќ има огромна заслуга за тоа што Донарума е еден од најдобрите голмани во светот, зашто токму тој му даде шанса меѓу стативите на Милан, и тоа додека имаше само 16 години.

Србинот веруваше во него и Донарума со тек на време стана еден од најдобрите голмани, а по Милан замина во ПСЖ каде што е прв голман.

„Секогаш беше војник и знам колку си се борел. Ти благодарам што веруваше во мене и за сè што ми кажа денот кога се сретнавме за првпат. Секогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Донарума.