Легендата ја губи битката: Ракот на Пеле е во напредна фаза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилската фудбалска легенда Пеле е во критична состојба затоа што ракот напредувал, соопштија докторите од болницата во Сао Паоло.

Поранешниот светски шампион веќе три недели е во болница и неговата ќерка на Инстаграм потврди дека Пеле ќе остане во болничкиот кревет и за Божиќ.

На бразилскиот фудбалер му е потребен медицински надзор затоа што слабо му функционираат срцето и бубрезите.

Пеле заврши во болница за време на Мундијалот во Катар кога му се појави респираторна инфекција, по што ситуацијата се искомплицира.