Меси ја крена цела Франција поради едно барање, а сега е откриена цела вистина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јавноста во Франција пред неколку дена му се налути на Лионел Меси кога се појави информација дека тој сака да го донесе трофејот од Мундијалот во Париз.

Меси со Аргентина го освои Светското првенство по изведување на пенали и ја расплака Франција, а многу медиуми објавија дека тој барал од раководството на ПСЖ да го донесе трофејот.

Меѓутоа, откако Меси доби жестоки критики, се јави и новинарот Хадриан Грение кој ги демантираше шпекулациите и ја откри вистината.

„Меси воопшто не барал такво нешто од ПСЖ. Немало разговори со раководството на тимот и не знам кој ја објавил таа лага“, објави Грение.