Гвардиола се пофали: Јас сум генијалец!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 1-0 на гостувањето кај Челси и така му се приближи на само пет бода на лидерот Арсенал во Премиерлигата.

Тренерот Пеп Гвардиола направи четири измени во вториот дел од кои двете во 60. минута ги погоди затоа што тие му донесоа победа.

Шпанскиот тренер беше среќен по натпреварот затоа што ги погодил измените и реши да се пофали за неговиот потег.

„Јас сум генијалец. По мечот со Евертон ме прашаа зошто не правевме замени до 81. минута. Размислив за тоа и направив неколку измени. Можевме да загубиме, но сега сме во добра ситуација и имаме само пет бодови помалку од Арсенал“, вели Гвардиола.