Чекор назад во битката за титулата: Реал Мадрид загуби од Виљареал (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е сè подалеку од одбрана на титулата, откако вечерва загуби со 1-2 од Виљареал во 16. коло од Ла Лига.

„Жолтата подморница“ стигне до водство со голот на Пино во 47. минута, по што беа досудени два пенали за екипите.

„Кралевите“ најпрво преку Бензема израмнија на 1-1, меѓутоа потоа Морено го матираше Куртоа за 2-1.

Реал Мадрид има 38 бода и го дели првото место со Барселона, која утре го игра својот меч против Атлетико Мадрид.