Тен Хаг ќе го купи напаѓачот со кој сакаше да се тепа Меси (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед преговара со Барнли за да го добие потписот на Вут Вегорст на позајмица до крајот на сезоната, откако холандскиот напаѓач заигра одлично на Мундијалот во Катар.

Вегорст постигна два гола за Холандија, а притоа имаше и вербален дуел со Лионел Меси, откако Аргентинецот ги загуби нервите и сакаше да го тепа.

Англиските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ сакаат да го добијат Вегорст на позајмица до крајот на сезоната, а наскоро ќе биде познато дали Барнли ќе се согласи на такво нешто.