Анчелоти кажа кои биле главни причини за поразот од Виљареал


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид направи чекор назад во битката за титулата во Ла Лига, откако денеска загуби од Виљареал со 1-2, а тренерот Карло Анчелоти на прес-конференција зборуваше за тоа што го виде на теренот.

Анчелоти го призна поразот и кажа дека фудбалерите на „жолтата подморница“ биле подобри на теренот.

„Мислам дека Виљареал беше подобар од нас. Ја заслужи победата. Ние не се браневме добро, не бевме конкретни и многу топки не беа добри. Проблеми имавме во одбраната и редот за врска. Ќе работиме за да ги надминеме проблемите“, кажа Анчелоти.