Мбапе се налути по критиките за Зидан од Франција

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го нападна првиот човек на францускиот фудбал, Ноел Ле Гаре поради неговите коментари за Зинедин Зидан.

Дидие Дешан потпиша договор до 2026 година со „триколорите“, а Зидан остана со празни раце и поота Ле Гаре даде непристојни коментари за француската легенда.

„Зидан во Бразил? Не ми е гајле каде ќе оди. Нека оди каде сака, тоа е негова работа. Јас не сум се сретнал со него“, кажа Ле Гаре.

По овие зборови, реагираше и Мбапе кој застана во одбрана на Зидан.

„Зидан е Франција, така не се почитува легенда“, кажа Мбапе.