Харден запиша трипл-дабл за 18 минути (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џејмс Харден блесна во победата на Филаделфија против Детроит со 123-111.

„Брадата“ запиша трипл-дабл, а до него стигна за само 18 минути на паркетот, а до крајот постигна 20 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

Филаделфија играше без Ембид, па во негово отсуство најефикасен на теренот беше Макси со 23 поени, по што следеше Харден со 20.

Ова за Филаделфија беше 24-та победа сезонава и сега имаат 61 отсто триумфи.