Анчелоти влезе во историјата, но првото место делува недостижно!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Карло Анчелоти со многу успех го предводи Реал Мадрид, а синоќа избори финале во шпанскиот Суперкуп по победата на пенали против Валенсија.

Тренерот кој се врати на „Сантијаго Бернабеу“ во 2021 година успеа да испише историја, а статистиката покажува дека тоа бил негов 200. меч.

Италијанецот стана четврти тренер кој може да се пофали дека го предводеш шпанскиот гигант на 200 натпревари, а нешто слично им успеа на Винсент Дел Боске со 246 натпревари, Зинедин Зидан со 263, додека на првата позиција е Мигуел Муњоз со 605 дуели.

Ако во моментов Дел Боске и Зидан делуваат како достижни за Италијанецот, сепак Муњоз дефинитивно ќе остане недопирлив.