Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сè почесто има проблеми со повреди и поради тоа се шпекулира дека ќе ја заврши кариерата.
Александар Зверев пред почетокот на Австралијан опен даде една храбра изјава со која најави дека Шпанецот ќе се пензионира на Ролан Гарос.
„Надал, за жал, ќе се пензионира на Ролан Гарос. Не му го посакувам тоа, но мислам дека ќе има одличен турнир, зашто е фаворит за титулата и потоа ќе каже збогум“, кажа Зверев.
Шпанецот во Мелбурн е прв носител со оглед на тоа дека го нема неговиот сонародник Карлос Алкараз, а против Новак Ѓоковиќ би можел да се соочи дури во финалето.