Познато што му кажа Роналдо на Анчелоти (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо го посети тренингот на Реал Мадрид во Саудиска Арабија, а на снимката јасно се слуша дел од разговорот со Карло Анчелоти.

„Кралевите“ за два дена ги очекува финалето во шпанскиот Суперкуп против Барселона, а се игра во Ријад.

Реал Мадрид се подготвува на терените на Ал Наср, каде што игра Роналдо, па затоа Португалецот реши да го посети неговиот поранешен клуб.

„Убаво финале, зарем не“, му вели Роналдо на Анчелоти со кој соработуваше пред десетина години во Мадрид.