Анчелоти од Перез побарал две засилувања, но добил „корпа“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во сериозна резултатска криза оваа сезона, па така тимот на Карло Анчелоти загуби од Виљареал во Ла Лига и Барселона има предност од три бода, додека загуби и во финалето на Суперкупот.

Карло Анчелоти во текот на декември побарал две засилувања од Флорентино Перез, но тој одбил да се засили во зимскиот преоден рок.

Анчелоти наводно барал алтернатива за Карим Бензема, но и уште еден десен бек бидејќи Дани Карвахал не е на врвно ниво.

Меѓутоа, Перез проценил дека во моментов нема доволно квалитетни фудбалери и му кажал на Анчелоти дека ќе мора да почека до следното лето.