Модриќ, Крос, Бензема – еден од нив си оди од Реал Мадрид!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид наскоро треба да реши што ќе се случиу со Лука Модриќ, Тонис Крос и Карим Бензема, кои чекаат нови договори од шпанскиот гигант.

Иако се очекува Бензема да потпише нов договор со „кралевите“, сепак сè уште не е сигурно останувањето на Модриќ и Крос.

„Ел Чирингито“ објави дека еден од нив тројца ќе си замине од екипата летово, а тоа најверојатно ќе биде Модриќ.

Легендарниот фудбалер на Реал, Гути вчера кажа дека Модриќ не игра во врвна форма и следната сезона би немал посериозна улога во екипата.

Како замена за Модриќ се споменува Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, кој долго време е на листата со желби на „кралевите“.