Кејн ќе потпише за Манчестер јунајтед!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ објави дека Манчестер јунајтед ја продолжил потрагата по нова деветка на екипата, а изборот паднал на ѕвездата на Тотнем, Хари Кејн.

Кејн има договор со Тотнем до јуни 2024 година, па постои реална можност следното лето да го напушти клубот од Лондон.

Тотнем е подготвен за преговори за нов договор, но Кејн трпеливо чека затоа што сака да види дали неговиот тим ќе се пласира во Лигата на шампиони (ЛШ).

Лондонскиот гигант, наводно, е подготвен и да го продаде Кејн, но за тоа бара 85 милиони фунти, па така „ѓаволите“ ќе мора да потрошат многу пари за нова деветка.

Баерн Минхен, исто така, го следи Кејн веќе некое време, но не направи конкретни чекори во изминатиот период.