Навивачите во страв: Дали ова е знак дека Гвардиола си оди од Манчестер сити?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола веќе седум години го тренира Манчестер сити, но медиумите во изминатиот период шпекулираат дека наскоро ќе го напушти англискиот шампион.

Гвардиола во моментов ја губи битката за титулата, зашто Арсенал има пет бодови повеќе, но и еден меч помалку од „граѓаните“.

„Ги разбирам своите играчи. Не се гладни за трофеи. Поминував низ сличен период и како играч и тренер на Барселона. По четири титули по ред не бев доволно гладен. Истата ситуација е и во Сити, но јас сум тука да ги поправам работите. Ако не се случи тоа, тогаш ќе заминам. Ќе се вратам во Барселона, ми недостигаат 25 степени, 11 месеци во годината. Ми недостига храната и морето“, вели Гвардиола.