Челси брка уште три засилувања во јануари – по едно од Лион, Бенфика и Брајтон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси продолжува со потрагата по нови засилувања за екипата, а на листата на желби на Тод Боели се наоѓаат тројца фудбалери и тоа се Енцо Фернандез од Бенфика, Мојсе Каиседо од Брајтон и Мало Густо од Лион.

Густо веќе ги договорил личните услови со Челси, па сега премиерлигашот се обидува да го договори трансферот на десниот бек со Лион, кој ја одбил првата понуда.

„Сините“, наводно, планираат да потрошат и 74 милиони евра за Каиседо кој од вчера има нови агенти и тие преговараат и со Арсенал и Ливерпул за трансфер на талентираниот фудбалер на Брајтон.

Ова не е крајот бидејќи Челси нуди и 100 милиони евра плус Сантош и Фофана сака да ги испрати на позајмица во Бенфика, а во возврат очекува да го добие Фернандез.

Бенфика претходно соопшти дека нема да прифати под 120 милиони евра за Фернандез, а останува да видиме дали сега ќе се премисли.

Се споменува интерес и за Франк Кеси, но тоа не делува како реална опција во моментов.