Распад на „Итихад“: Уште една ѕвезда му бега на Гвардиола?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити до крајот на денот би можел да загуби уште еден важен фудбалер, а станува збор за Бернардо Силва.

Жоао Кансело вчера замина на позајмица во Баерн Минхен, откако претходно се скара со тренерот Пеп Гвардиола, а сега сака да си замине и Силва.

Силва минатото лето беше на праг до трансфер во Барселона, но каталонскиот клуб немаше доволно пари да го реализира трансферот.

Гвардиола не сака незадоволни фудбалери во својот тим и затоа реши да се ослободи од сите, па нема да прави проблем ниту за Силва.

Засега не е познато каде ќе се пресели Силва, иако како најсериозен кандидат се споменува Барселона.