Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид беше тивок во зимскиот преоден рок, иако се поврзуваа неколку фудбалери со преселба во шпанскиот гигант.
Шпанска „Марка“ пишува дека ова не е случајно бидејќи клубот не верува дека може да има добар преоден рок во зима.
Според клубот засилувањата во јануари се поголем ризик, па затоа тие немаат ангажирано позвучно име од Емануел Адебајор на барање на Жозе Мурињо.
Тоа не значи дека „кралевите“ не бараат нови засилувања за следното лето, а еден од нив треба да биде Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.
Карло Анчелоти ќе мора да смета на фудбалерите кои ги има во моментов, додека можеби ќе добие засилување од академијата или вториот тим на Реал Мадрид.