Гвардиола: Ќе останам во Манчестер сити, не верувам во обвинувањата!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тренерот Пеп Гвардиола негира дека ќе замине од Манчестер сити, иако се појавија такви шпекулации во медиумите по најавите дека гигантот ќе добие жестока казна.

Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола ќе замине затоа што независната комисија наскоро треба да ги казни „граѓаните“.

„Останувам во Манчестер сити. Тука сум со години и се чувствувам среќно. Изградивме нешто фантастично и овој проект се движи во вистинска насока. Не би заминал поради лажни обвинувања. Секако дека ќе бидам на страната на клубот, не се сомневајте во тоа“, кажа Гвардиола.