Салах го испофали Бајчетиќ: Тој е наш најдобар фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ влезе во одличен ритам и доби пофалби од неговиот колега Мохамед Салах.

Бајчетиќ има само 18 години, а вчера играше одлично во триумфот против Евертон, иако Јирген Клоп му ја промени позицијата.

„Стефан е одлична личност и голем фудбалер. На секој натпревар максимално се труди. Откако почна да игра за нас, тој е најдобриот играч во екипата“, кажа Салах.

Бајчетиќ има српско потекло, меѓутоа реши да го носи дресот на Шпанија од каде што е неговата мајка.