Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП-листата, па од денеска се наоѓа на 478. место во светот.
Ивановски на последниот турнир во Тунис стигна до финалето, кое мораше да го предаде поради повреда, но и покрај тоа забележа нов напредок на ранг-листата.
Најдобриот македонски тенисер Ивановски е во топ-500 веќе две недели и пред себе има светла иднина доколку продолжи да игра во ваков ритам.
Ивановски, сепак, е далеку од рекордот на поранешниот македонски тенисер Предраг Русевски, кој стигна до 242. место на АТП-листата, но талентираниот Калин во моментов игра на врвно ниво и без сомнеж е на добар пат да го урне.