Итен состанок во Ливерпул за иднината на Клоп

Ливерпул игра една од најлошите сезони по доаѓањето на тренерот Јирген Клоп, па така екипата испадна од борбата за титула во Премиерлигата, но далеку е и од топ-4 позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Уште еден проблем е поразот од Реал Мадрид со 2-5 на „Енфилд“, а веќе испадна и од ФА-Купот и од Лига Купот, па на итен состанок во Ливерпул ќе се разговара за иднината на Германецот.

Англиските медиуми пишуваат дека германскиот тренер е главен виновник за ситуацијата, па најверојатно Клоп ќе добие отказ набрзо од премиерлигашот.

Како можен наследник се споменува 35-годишниот Јулијан Нагелсман од Баерн Минхен.