Роналдо постигна хет-трик за полувреме (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо постигна три гола во победата на Ал Наср против Дамак (3-0).

Роналдо постигна гол за водство од 1-0 во 18. минута од пенал, а пет минути подоцна стрелаше за 2-0, додека конечните 3-0 ги постави во 45. минута.

Португалецот досега постигна осум голови вкупно во шампионатот на Саудиска Арабија и се наоѓа на четвртото место на листата со стрелци.