Гвардиола: Јунајтед ќе се бори за титула, ако потроши уште малку пари!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола даде коментар за триумфот на Манчестер јунајтед против Њукасл во финалето на Лига Купот.

Гвардиола им честиташе за успехот на „ѓаволите“, но потоа даде ироничен коментар.

„Честитки за Јунајтед и Њукасл, одиграа интересен натпревар. Мораа да освојат нешто порано или подоцна. Дали може да се борат за титулата во Премиерлигата? Ако потрошат уште малку повеќе пари, може да се борат“, кажа Гвардиола.