Бензема влезе во „војна“ со ФИФА поради Меси (Фото)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го покажа своето незадоволство по доделувањето на наградата за најдобар фудбалер на Лионел Меси од страна на ФИФА.

Бензема смета дека Меси не требало да ја добие наградата, а својот револт го покажа на социјалните мрежи.

Разочараниот Французин прво објави видео на својот Инстаграм, каде што непознато лице вели „Лажговци, да, лажговци“.

Бензема повторно го изрази своето незадоволство откако објави заедничка слика со Винисиус Жуниор и напиша „ѕверови“.