Не му бега суспензија: Третиот стрелец во Премиерлигата призна дека се обложувал!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони кажа дека е виновен за 232 обвиненија за обложување, па сега го чека тешка казна од Фудбалскиот сојуз на Англија.

Тони е еден од најдобрите напаѓачи во Англија и трет стрелец во Премиерлигата со 14 голови, но неговите потези од 2017 до 2021 година би можеле да му ја уништат кариерата.

Фудбалерот на Брентфорд е обвинет за прекршување на правилата во периодот од 25 февруари 2017 до 23 јануари 2021 година.

Во моментов на листата со стрелци води Ерлинг Халанд со 27 голови, по што следи Хари Кејн со 18 погодоци.