Мафијаши му се заканија на Меси: Те чекаме! (Фото)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Двајца мафијаши минатата ноќ во Росарио го нападнале локалот на семејството на Антонела Рокусо, при што испалиле 14 куршуми, а потоа оставиле заканувачка порака за Лионел Меси.

Мафијашите оставиле порака која е наменета за ѕвездата на ПСЖ, а тоа ја крена полицијата на нозе која се обидува да го реши случајот.

„Меси, те чекаме. Јавкин е нарко-дилер и тој не се грижи за тебе“, пишува во пораката која била оставена пред локалот.

Ова предизвика голема паника во јавноста затоа што сите се загрижени за безбедноста на фудбалерот кој безброј пати ја израдува Аргентина во минатото.