Кошаркар на Мемфис се заканувал со пиштол и тепал малолетник

Талентираниот кошаркар на Мемфис гризлис, Џа Морант си направи сериозни проблеми откако беше обвинет дека направил два инциденти за само четири дена минатото лето.

„Вашингтон пост“ објави дека Морант е обвинет дека му се заканувал на обезбедувањето во еден трговски центар, а потоа истепал малолетник и му се заканил со пиштол.

За време на еден натпревар, Морант се изнервирал откако добил удар во лицето, по што го удрил малолетникот во глава, а потоа влегол во куќата и излегол со пиштол.

Во моментов трае истрага против младиот кошаркар, кој би можел да си ја уништи кариерата поради инцидентите.