Лазаров го објави скратениот список: Танкоски и Велковски се враќаат за двомечот со Португалија

Селекторот на ракометарите, Кире Лазаров го објави скратениот список со ракометари за натпреварите против Португалија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

На скратениот список на Лазаров има 22 ракометари, а на истиот се најдоа и Мартин Велковски и Марио Танкоски од Пелистер, кои се враќаат во репрезентацијата.

Првиот дуел меѓу Македнија и Португалија се игра во Скопје на 9 март, додека реваншот е три дена подоцна во Порто.