Навивач втрча на терен и го повреди Робертсон, па Клоп сакаше да го „задави“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул вечерва славеше со убедливи 7-0 против вечниот ривал Манчестер јунајтед во англиската Премиерлига и се врати во битката за топ-4.

По последниот гол на Ливерпул, еден навивач втрча на теренот за да прослави со домашните фудбалери, при што незгодно го удри Робертсон, кој се пожали на повреда.

Веднаш реагираше обезбедувањето кое го фати навивачот, а тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп збесна поради глупавиот потег на навивачот и почна да му вика на цел глас.