Перез неочекувано влетал во соблекувалната и им држел лекции на ѕвездите на Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа одигра 0-0 против Бетис и повторно ги разочара навивачите, а притоа ѝ дозволи на Барселона да избега на девет бодови разлика во Ла Лига.

Новиот кикс на „кралевите“ не му се допадна на претседателот Флорентино Перез, кој влетал во соблекувалната по натпреварот и имал што да им каже.

Перез бил лут и разочаран поради пропуштената шанса за триумф, па јасно им кажал што мисли за резултатот на фудбалерите и тренерот Карло Анчелоти.

Анчелоти повеќе не е безбеден на тренерското столче во Реал Мадрид, па почнаа шпекулациите за негова замена, која најверојатно ќе се случи на крајот на сезоната, а како главни кандидати за нов стратег се Томас Тухел и Раул Гонзалес.