Дедото на Дончиќ: Лука ќе заигра за Косово кога ќе станат како Америка (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го носи дресот на Далас маверикс и на Словенија, иако можел лесно да заигра за Србија, но нашиот северен сосед не го сакал затоа што сметале дека нема да стане одличен кошаркар.

Неговиот дедо Стојан откри дека Дончиќ имал потекло од Косово и Метохија, па во разговор со српските медиуми откри дека постојано ги гледа настапите на Лука.

„Лука е наша крв, го гледаме додека игра. Сите нè прашуваат за него зошто не игра за Косово, а јас им велам дека некогаш би заиграл, кога Косово ќе стане Америка. Тоа е невозможно. Не играше за Србија, зошто би играл за Косово? Србија можеше да го земе, но сметаше дека ќе биде обичен кошаркар“, вели дедото на Дончиќ.