Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските фудбалери идната недела почнуваат со квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Германија следното лето, а прв противник ќе им биде Малта на 23 март во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот со фудбалери за натпреварот, а потоа зборуваше за Аријан Адеми.
Милевски кажа дека на овој собир очекува враќање на искусниот фудбалер, кој наскоро се сели во Кина, каде што ќе игра за Пекинг Гуан.
„Адеми е голем професионалец. Тој е расположен да игра за Македонија, а јас го очекувам на собирот. Му посакувам сè најдобро. Најважное сите да бидеме здрави на собирот“, кажа Милевски.