Дончиќ направи скандалозен потег против Голден Стејт – го чека жестока казна!? (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Голден Стејт славеше со 125-122 против Далас во драматичен натпревар, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ направи скандалозен потег во последните секунди.

Дончиќ на 1,7 секунди до крајот се обиде да постигне кош и да изнуди прекршок од Дрејмонд Грин, но тоа не му успеа, по што Словенецот се изнервира.

Словенецот испрати гестикулација која асоцира на пари, односно алудираше дека судиите се платени да судат против Далас.

Дончиќ го заврши натпреварот со 30 поени, 17 асистенции и седум скокови, додека Куминга беше најефикасен кај Голден Стејт со 22 поени.