Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пред крајот на 2022 година се пресели во Ал Наср и доби годишна плата од 200 милиони евра.
Тимовите од С. Арабија не штедат пари за да ангажираат звучни имиња, а дефинитивно Роналдо е најзвучното од сите и тој смета дека лигата за неколку години ќе биде една од најдобрите во светот.
„Првенството во С. Арабија е тешко и сите луѓе треба да го гледаат со поинакви очи. Секако не може да се спореди со Премиерлигата, но постојат многу добри тимови. За пет-шест години оваа лига може да биде во топ-5 во светот“, кажа Роналдо.
Шеиците во следниот период планираат да ангажираат уште неколку ѕвезди, а меѓу нив се Лука Модриќ, Лионел Меси и Серхио Рамос.