Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хари Кејн е еден од најопасните фудбалери во изминатите години, па беше желба и на Манчестер јунајтед, но тренерот Ерик Тен Хаг не го сака англискиот репрезентативец.
Кејн сака да замине од Тотенхем, но да остане во Премиерлигата, а сега во медиумите се појави информација дека негов следен тим сигурно нема да биде Манчестер јунајтед затоа што Тен Хаг не сака да плати голема сума за таков голгетер.
Причината за тоа наводно е неговиот статичен однос кон играта, односно не учествува во одбраната на својата екипа и затоа Тен Хаг не сака таков фудбалер.
Холанѓанецот негува фудбал со многу движење на секој поединец, а Кејн во најголем дел од случаите тоа не го исполнува во Тотенхем.