Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Антонио Конте доби отказ од Тотенхем, откако Италијанецот на прес-конференција ги критикуваше фудбалерите на премиерлигашот.
Конте ги загуби нервите по ремито со Саутемптон (3-3), а за екипата зборуваше и поранешниот фудбалер Џејми Реднап.
Реднап вели дека не е изненаден за отказот на Конте, зашто според него Тотенхем има голем проблем, а тоа е претседателот Даниел Леви.
„Не сум изненаден за Конте. Тоа е тежок клуб за водење. Ако ги погледнете тренерите кои поминаа во последните години, јасно е дека е тешко да се преземе контролата. Сè е премногу контролирано до Леви, кој сака да ги носи сите одлуки и тоа е најголемиот проблем во Тотенхем“, кажа Реднап.