Меси ќе замине од ПСЖ, ама ќе остане и без 200 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а како минува времето, така се намалуваат шансите за продолжување на соработката меѓу двете страни.

Меси во изминатиот период постојано добива критики од навивачите поради лошите настапи, иако тренерот Кристоф Галтие застана во негова одбрана, а очигледно и тоа влијае на конечната одлука на Аргентинецот.

Францускиот магазин „Л’Екип“ објави дека Меси се подготвува за разделба со ПСЖ, иако тоа ќе значи загуба од 200 милиони евра за аргентинскиот фудбалер.

Меси имал клаузула во договорот со ПСЖ за дополнителен бонус за лојалност од 78 милиони евра, ако реши да остане уште една година на „Паркот на принцовите“, а доколку реши да потпише нов договор до 2025 година, тоа ќе му донесе дополнителни 115 милиони евра.