Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски потпиша нов договор со Динамо Загреб до 2025 година.
Ристовски е нов лидер на екипата, по заминувањето на Аријан Адеми, а во изминатиот период македнскиот фудбалер беше ефикасен и во нападот, односно постигна четири гола.
„Сакам да се заблагодарам на клубот, се договоривме за пет минути, условите ми одговараа и немаше многу преговарање. Среќен сум и горд што продолжуваме заедно. Динамо е клубот кој ме исполнува и за кој сум спремен да се борам. Мотивиран сум во завршницата на сезоната и се надевам дека заедно со помош и од нашите навивачи ќе ја одбраниме титулата“, кажа Ристовски.