Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп планира на крајот на сезоната да се откаже од 13 фудбалери и сака да го реновира тимот за следната сезона.
Ливерпул не планира да ја продолжи соработката со Роберто Фирмино, Адријан, Наби Кеита и Алекс Окслејд-Чемберлен, кои имаат договори до крајот на сезоната.
Клоп не смета ниту на Артур Мело кој дојде на позајмица од Јувентус до крајот на сезоната, а на трансфер листата ќе се најдат и Каоимхен Келерер, Сеп ван ден Берг, Рис Вилијамс, Нејт Филипс, Жоел Матип, Џејмс Милнер, Џо Гомез и Костас Цимикас.
„Експрес“ пишува дека раководството на Ливерпул планира парите од трансфери да ги потроши за нови засилувања со кои ќе се врати во трка за титулата.
Ливерпул во моментов е на осмата позиција во Премиерлигата и го чека тешка битка за пласман во топ-4.