Фирмино се договорил: По осум години заминува од Ливерпул и се сели во Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Роберто Фирмино се прослави во дресот на Ливерпул, каде што игра веќе осум години, а на крајот на сезоната ќе си замине од „Енфилд“.

„Дејли Мејл“ објави дека 31-годишниот Фирмино се договорил со Барселона и како слободен фудбалер ќе дојде во Каталонија на крајот на сезоната.

Фирмино со Ливерпул освои голем број трофеи, меѓу кои се Лигата на шампиони (ЛШ), Премиерлигата, ФА-купот, Лига Купот, како и Светското клупско првенство.

Бразилецот за „црвените“ одигра 360 натпревари и постигна 109 голови, а така стана миленик на навивачите на Ливерпул.