Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити вечерва славеше на „Итихад“ со 4-1 против Арсенал и така направи чекор напред кон титулата во првенството.
Кевин Де Брајне во седмата минута го отвори резултатот, а до крајот на првите 45 минути Ерлинг Халнад имаше уште неколку шанси кои не ги искористи. Сепак, Стоунс зголеми на 2-0 во завршницата од полувремето.
Де Брајне го постигна својот втор гол во 54. минута и зголеми на 3-0, по што Арсенал преку Холдинг намали на 1-3. Во финишот од дуелот Халанд ја продолжи голгетерската серија, откако погоди за 4-1.
Арсенал сè уште е прв со 75 бодови, Манчестер сити има два помалку, но и два меча кои треба допрва да ги одигра и речиси сигурно ќе го преземе врвот.