„Камп Ноу“ воодушевен од 15-годишниот Јамал: Само да не заврши како Фати! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ламине Јамал во саботата стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона на само 15 години и 285 дена.

Барселона славеше со 4-0 против Бетис, а тренерот Чави Ернандез реши да му даде шанса на 15-годишното момче, кое за малку ќе постигнеше гол.

Неговиот најдобар момент се случи во 89. минута, кога со фантастично додавање го пронајде Осман Дембеле.

„Јамал Ламине одлично се вклопи, но се надеваме дека нема да заврши како Ансу Фати“, велат експертите.